Шизи, донирај и други прсти инспирирај на Д Фестивал!

  • 0
  • 13/07/2017
mrdni so prst

Оваа година ќе шизиме, ќе бидеме хумани и ќе се наградуваме на Д Фестивал!

Од 14-ти до 16-ти, најди го штандот на Мрдни со прст, донеси стара летна облека, сликни, сподели ја фотката јавно на Facebook со хаштаг: #МрдниСоПрст и #ШизиДонирај и собери најмногу реакции со цел да инспирираш што повеќе мрдачи со прст.

Мрдни со прст ќе ја донираат облеката на оние на кои им е најпотребна, а тие со најмногу реакции на своите фотки, ќе бидат наградени со шатор, велосипед и многу други изненадувања!

Повелете сите во удобниот ЧИЛАУТ СТЕЈЏ, секој ден, од 16 до 20 часот, за заедно да се забавуваме со топ музика!

14.07. (петок) Ди-џеј Мартин од Антена 5
15.07, (сабота) Ди-џеј Wishko

 

Фејсбук евент ТУКА