Mosaik Kollektif ја презема саботната вечер на LakeAwake бината на Д ФЕСТИВАЛ

  • 0
  • 17/05/2017
MosaikKollektif

На 15-ти јули, на LAKEAWAKE настапуваат САМОИЛ РАДИНСКИ, ДЕНИ ТРАЈКОВ, ФИРМА и ДЕЈАН ДЕКС!

Електронската бина на Д ФЕСТИВАЛ, LAKEAWAKE STAGE за време на трите фестивалски ноќи на дојранското крајбрежје и оваа година, од 14-ти до 16-ти јули ќе ги претстави некои од најквалитетните колективи од домашната електронска сцена. Во рамки на овој програмски концепт, во сабота на 15-ти јули на LakeAwake бината ги дочекуваме репрезентите на македонската техно култура во програмската вечер на „Мосаик Колектиф“ (MOSAIK KOLLEKTIF)! Станува збор за електронското дуо составено од ДЕЈАН ТРАЈКОВ и Иван Сарамандов – ФИРМА, кои веќе подолго време се активни на електронската сцена како продуценти, диџеи и промотери, а кои овој пат ја преземаат програмата на LakeAwake заедно и со специјалните гости за оваа вечер САМОИЛ РАДИНСКИ и ДЕЈАН ДЕКС (DEJAN DEX).

Главен приоритет на MOSAIK KOLLEKTIF е преку креативен, уникатен и квалитетен израз да ја комбинираат музиката и модерниот дизајн, фокусирани на еволуција и развивање на уметничкиот концепт. Зад себе имаат 4 винилни изданија и тоа за реномирани издавачки куќи како Roundabout Sounds, Sabotage Rec, Funky town и други. Нивните дела пак се ремиксувани од артисти како Alexandar Robotnick, Dj octopus, Sagats.

DEJAN DEX е диџеј и продуцент кој живее во Битола. Посериозно почнува да се занимава со диџејство во 2006 година, а годинa подоцна почнува да работи и на своја музика. Неговиот стил е варијација од хаус и техно, попратено со длабоки мелодии и минималистички ритми. Својата музика тој ја објавува за етикети како Zingiber Audio, Excel Recordings, Artefact Records, Hoover The House, а неговите траки наидуваат на поддршка и од светските артисти како Hernan Cattaneo, DJ W!ld, Technasia, Stacey Pullen, DJ Sneak, Axel Bartsch, Guy J, Ramon Tapia и други.

САМОИЛ РАДИНСКИ е диџеј и продуцент кој активно ја промовира електронската музика уште од самите почетоци на ова движење во Македонија и е добро познат по својот префинет вкус. Настапува како диџеј низ целата земја и во странство на значајни фестивали како Кримфилдс, Егзит, Фонетика и многу други. Основач е на промотерската организација Баланс преку која ги промовира, но и настапува со врвните светски имиња: Derrick May, Kevin Saunderson, Carl Craig, Kenny Larkin, Gene Farris, Fabrice Lig, Funk D’ Void, Mr C, Octave One, Christian Smith, Vince Watson, Dj Bone… Пред 9 години тој ја отвори и дискографската куќа Логос Рекордингс која во своето работење успеа да достигне врвни резултати во светски рамки. Cоздава и своја продукција, а неговата музика е вртена од врвни диџеи како Laurent Garnier,  Vince Watson, Fabrice Lig, Paul Mac, Claude Young, Underground Resistance и други.

Покрај Mosaik Kollektif за саботната вечер, на LakeAwake бината ќе имаме чест да бидеме дел и од вечерта посветена на транс музиката, односно MIDNIGHT RITUAL вечерта во недела, 16-ти јули и настапите на EGORYTHMIA, ALBIORIX, SPIRIT ARCHITECT, DUAL RESONANCE и MODUAL! Наскоро ќе бидат објавени и уште нови артисти, односно уште цел еден колектив задолжен да го стартува погонот на LakeAwake бината на првиот фестивалски ден.

РАН КОРМОРАН АКЦИЈА за најповолните „all-inclusive“ ВЛЕЗНИЦИ
Д ФЕСТИВАЛ годинава ќе се одржува од 14-ти до 16-ти јули во Дојран. Во моментов актуелна е продажбата на најповолните РАН КОРМОРАН билети преку продажната мрежа на МкТикетс, а за полесно и побрзо купување, од оваа година билетите можете да ги набавите и преку мобилната апликација на karti.com.mk која е достапна за преземање на следните линкови: – Android, – iOs. Во оваа фаза од претпродажбата достапни се all-inclusive билетите за Фестивалот кои за неверојатна цена од само 600 денари на посетителите им овозможуваат пристап до сите фестивалски стејџови и бесплатен камп за трите дена на Д Фестивал 2017.