Marky Ramone

marky ramone

Марки Рамоун е познат по 15-те години кои ги поминува свирејќи тапани во легендарниот бенд Ramones. Пред да им се приклучи, свири со низа влијателни музичари во бендовите: Dust, Estus, Richard Hell and the Voidoids и Misfits. Во 1978 се придружува на Ramones, а само по неколку недели веќе се во студио и го снимаат својот прв албум “Road to Ruin” на кој се наоѓа една од нивните најпознати песни “I Wanna Be Sedated”. Во текот на наредната година, заедно го снимаат култниот филм “Rock ‘n’ Roll High School”, а истата година соработуваат со продуцентот Phil Spector и го снимаат “End Of The Century”. Во текот на 15-те години поминати со бендот, Марки настапува на повеќе од 1700 концерти и учествува во повеќе од 15 изданија, од кои на Mondo Bizarro и Adios Amigos работи и како текстописец. Во 2001 година, Марки заедно со Џони, Ди Ди и Томи, се вклучуваат на Rock ‘N’ Roll Hall of Fame, а истата година, Боно од U2 им ја доделува MTV наградата за животно дело. Во 2010 година, Ramones добиваат и Греми за животно дело. Без знаци дека ќе запре во скоро време, Марки Рамоун заедно со својот бенд Blitzkrieg продолжува да настапува ширум светот, па доаѓаат и кај нас на Д Фестивал.