Махмут Орхан – нов хедлајнер на Д Фестивал

  • 1
  • 05/06/2019
Orhan_ sajt novosti

Махмут Орхан, творецот на планетарните мегахитови со кои стана задолжително име на водечките светски фестивали, пристигнува за прв пат кај нас! Освојувачот на светските топ листи, ова лето ќе ја освои и главната бина на Д Фестивал 2019 во саботната Фиеста на 13-ти јули!  

Махмут Орхан, истанбулски продуцент и диџеј, во моментот е еден од водечките ѕвезди на електронската музика. Неговиот мегахит „Feel“ доживеа планетарен успех и се искачи на врвот на светските топ листи. Песната на YouTube има преку 350 милиони прегледи. Со недели „Feel“ беше најпродавана на онлајн продавницата „Beatport“, како и меѓу најпродаваните песни на iTunes сервисот во повеќе од 20 земји.

Неговата музика претставува комбинација од deep house, indie dance/nu disco и совршено ги претставува културните корени на Махмут. Кариерата на оваа турска суперѕвезда доживеа експанзија во последните години по објавување на песните на видео сервисите кои имаат над милијарда прегледи. Токму поради тоа Махмут Орхан го споредуваат со Робин Шулц и „Lost Frequences“.