LD Pistolero

ЛД Пистолеро својата музичка кариера ја започнува како дел од “Легијата” –  еден од најзначајните рап состави на овие простори. Дел е од првиот официјален албум „Лош Ден за Империјата“, “Легијата на проколнатите” и компилацијата “Деценија”. Неколку години подоцна, во 2013 под Suriken Records, Пеше го издава својот прв соло албум “После Мостот”, а 6 години подоцна, во 2019 година излегува вториот – “Далеку”. Картите за неговиот прв соло концерт во рамките на Таксират 21 се распродадени во рекордно време, па со нетрпение чекаме за прв пат да ни се претстави и на Д Фестивал оваа година!

Main Stage