Laganini all day, laganini all night: ZeeBomb на Mosquito Stage!

  • 1
  • 25/04/2019
zeebomb novosti sajt

Со тазе хитови, прв албум во подготовка и првпат пред толку голема публика, на Mosquito Stage на Д Фестивал 2019 ни доаѓаат ZeeBomb! Хип хоп дуото составено од Насте и Шишка, кое ги освојува симпатиите на новите генерации хип хоп фанови, но и постарите и поискусни познавачи на овој жанр, ќе настапи на Mosquito Stage овој јули.

Летната, опуштена атмосфера повикува на хит како „Лаганини“, а веруваме дека публиката на Д Фестивал ќе ужива во настапот на овие дечки, кои штотуку се вивнуваат на музичката сцена. После неколкуте настапи низ Скопје и редовните гостувања на Thursday Shake забавите, ZeeBomb ќе имаат шанса да покажат што умеат на овогодинешната Д Фиеста!