Ky-Mani Marley

Скромен, искрен, лојален, автентичен. Ки-Мани Марли, синот на познатата реге икона Боб Марли, почнува да се интересира за музика уште во своите рани тинејџерски години. Го издава својот прв албум “Like Father Like Son” во 1996, со што почнува да ја гради својата репутација како артист во светот на реге музиката. Една година подоцна, се здружува со Pras Michael од Fugees во одличната колаборација на Electric Avenue од Eddie Grant. Неговиот трет албум “Many More Roads” издаден во 2001 година е номиниран за Греми, додека “Radio“ – петтиот албум, се најде на Billboard Reggae Chart на прво место во 2007-мата. Има и своја издавачка куќа – Konfrontation Muzik Group, каде што за прв пат е издаден неговиот албум “Maestro”, а во јуни 2017-та година во соработка со Gentleman го издава “Conversations”. Поради мешавината на хип-хоп, реге, блуз, рок звуци, музиката на Ки-Мани не може да биде сместена во ниту еден специфичен жанр, па затоа многупати е наречен “уметник без граници”. Преку познатите Ghetto Soldier”, “Dear Dad”, “I Pray”, “Rasta Love”, “I Got You” и многу други, во јули ќе ни ја раскаже својата уникатна животна приказна.