DIREKTOR

КОНКУРС ЗА КРЕАТИВЕН ДИРЕКТОР

 

Бараме креативен директор на Арт-плоштадот и Креативната зона. Д ФЕСТИВАЛ бара личност која е запознаена со современите уметнички тенденции и пракси на подрачјето на уметничкиот и културниот активизам, но и актуелните организациски и логистички пристапи, способности за координирање, раководење и пренесување на различни вештини, знаења и вредности на учесниците во Арт-плоштадот и Креативната зона на Д ФЕСТИВАЛ. Креативната зона е, според содржината и уредувањето, замислена како простор за поттик на креативноста и културниот активизам, но и како простор во кој учесниците ќе се запознаат со различните уметнички и културни проекти и бројни активности во насока развојот и промоцијата на позитивните вредности. Кандидатот треба да има и организациски искуства на поголеми настани и уметнички продукции, а предност ќе биде искуството со водење на слични проекти.

Пријави се на info@password.mk
Најдоцна до 10-ти март 2017.