1. БИЛЕТИ
1 . Каде можам да купам билети за фестивалот?
– За сите информации поврзани со билетите , ве молиме кликнете овде.
2. Дали е потребен билет за деца?
– За деца до возраст од 6 години не ви е потребен билет.
3. Треба ли да донесам некаков документ за идентификација на фестивалот?
– Согласно законот на Република Македонија секој треба да поседува документ за идентификација, затоа е потребно истиот да го носите со вас за време на фестивалот.
4. Дали може да го откажам или вратам билетот?
– Откажувањето на купен билет и рефундирање за истиот не е возможно.
5. Што ако билетот не е во ред / односно е фалсификат?
– Билетите што се купени и подигнати на авторизирани продажни места се единствените кои се валидни бидејќи нивниот бар-код е уникатен. Организаторот не може да ви гарантира за валидноста на билетот ако не е купен на било кое од официјалните продажни места.
6. Што ако го изгубам својот билет?
– Ако го изгубите вашиот билет организаторот нема да може да ви помогне во настанатата ситуација и нема да може да ви издаде нов. Затоа ве молиме погрижете се добро да го чувате вашиот билет.
7. Што ако го заборавам мојот билет?
– Ако го заборавите својот билет нема да сте во можност да присуствувате на фестивалот, затоа ве советуваме да бидете внимателни и да не го заборавате својот билет.
8. Колку пати во тек на една фестивалска ноќ ќе можам да влезам или излезам од местото на настанот?
– Доколку имате тридневна фестивалска влезница нема да имате ограничување при излегување и повторно влегување во фестивалскиот простор. Доколку имате еднодневна влезница тогаш нема да имате пристап во фестивалскиот камп.

2. ДАЛИ МОЖЕ ДА ПОНЕСАМ:
1. Алкохол
– Носење алкохол на настанот е забрането исто како и било кои други течности. Алкохолни и без алкохолни пијалоци, како и вода ќе можат да се купат на местото на настанот.
2. Храна и безалкохолни пијалоци
– Забрането е носење на храна и безалкохолни пијалоци, но ќе можете да си купите на местото на настанот. Покрај штандовите за продажба на храна и пијалоци, во кампот на располагање на посетителите се и повеќе чешми со питка вода.
3. Чадори
– Препорачуваме да носите кабаница, или мал компактен чадор. Големите чадори можат да им сметаат на другите посетители да го следат концертот.

3. ОПШТИ ПРАШАЊА
1. Каква ќе биде временската прогноза за време на фестивалот?
– За подетални информации на временската прогноза за време на фестивалот, кликнете тука.
2. Дали ќе можам да се обратам на обезбедувањето ако имам потреба?
– Секако. Во случај да ви треба помош ќе може да се обратите на обезбедувачите на настанот кои се облечени во препознатливи флуоресцентни елеци, како и на бројниот волонтерски тим кој постојани ви е на располагање за сите информации околу фестивалот.
3. Прва Помош?
– Тимовите за прва помош се сместени во посебни стационари. Јасно се обележани и нема да имате никаков проблем за пристап до нив.
4. Ќе го знам ли точното време на концерите?
– Да, временската рамка за почеток на концертите ќе биде објавена на нашата веб – страна и на сите промо материјали на Д Фестивал. При тоа, имајте предвид дека распоредот на настапите на артистите е подложни на промени од различни причини кои можат да се случат за време на настанот.
5. Што е забрането?
– Строго е забрането носење на стаклени предмети или шишиња, конзерви, запаливи материјали, оружје, психотропни супстанци, опасни предмети за околината, пиротехнички материјали, ласери, апарати, камери, аудио/видео рекордери. На посетителите им е строго забрането поставување на било какви промо материјали за време на настанот , без предходно добиена дозвола од страна на организаторот.

 

mapa-DFestival2017