KOOP Oscar Orchestra го предводи вториот бран изведувачи

  • 0
  • 02/05/2017
KOO-01

Покрај веќе потврдените настапи на драмендбејс пионерот РОНИ САЈЗ, ѕверското име на андерграунд дет-метал сцената СИНИСТЕР и имињата од новата генерација на домашната сцена Д ПЛАНКТОНС, ШЕЛ ШОК и ОБОХТАЛ, во програмата на Д ФЕСТИВАЛ се запишува и вториот бран артисти кои ќе се погрижат за новото најпозитивно фестивалско лето во Дојран кое годинава ќе се одржува од 14-ти до 16ти јули. Во листата хедлајнери се запишува и шведската џез-електронска сензација КУП ОСКАР ОРКЕСТРА (KOOP OSCAR ORCHESTRA), бендот на Оскар Симонсон кој ќе го донесе совршениот летен звук под отвореното небо на Д ФЕСТИВАЛ. Музиката на светот годинава на Д ФЕСТИВАЛ ќе ја донесат исклучителните бендови од оваа сцена, ПРОЏЕКТ РАКИЈА (PROJEKT RAKIJA) и МЕСЕЧИНКА (MESZECSINKA) кои во Дојран пристигнуваат од Холандија и Унгарија. Претставниците од македонската музичка сцена секоја година имаат посебно место на Д ФЕСТИВАЛ, а меѓу нив особено потенцијалните имиња од младата музичка сила кои годинава ќе бидат збогатени со настапите на двајца победници на скопскиот „Лузер Фест“, МОНОГЛИЧ (MONOGLITCH) и КОНТАКТ 59 (CONTACT 59).

Многу музички бендови звучат како „Куп“ (Koop), но „Куп“ звучат како никој друг. По 10 години борба, Оскар Симонсон, композиторот и продуцентот кој стои зад овој музички проект, замина од сцената на која се одржа последниот концерт на бендот. „Куп“ издадоа три албуми кои се сметаа како пресвртна точка во електронската сцена – „Sons of Koop“, „Waltz for Koop“ и „Koop Islands“. Иако никогаш не беа во центарот на вниманието, нивната идеа ја пренесуваа нивните фанови и андерграунд сцената, додека не дојдоа до точка кога нивната музика беше комплетно разбирлива. Пет години по распаѓањето на „Куп“, Оскар Симонсон чувствувал дека е повторно подготвен за музика. Имајќи во глава неколку идеи за нови песни, Симонсон немал идеја како истите би можел да ги објави. По кратко дружење со литванската пејачка Џазу (Jazzu), ја прашал дали би сакала да проба неколку нови песни со него. Така дознава колку му недостасува музицирање со други артисти, па одлучува да состави бенд со Џазу како вокал. Го нарекува бендот Koop Oscar Orchestra (KOO), а главната мисија е да ја слави големината на музиката, особено моментот што музиката има способност да ги поврзе луѓето на начин на кој ништо друго не може. Бендот прераснува во состав од седум музичари и нивното прво појавување во јавност е во есента 2015 година. Составот изведува песни кои Симонсон ги има напишано за „Куп“, заедно со други необјавени материјали, понекогаш проследени со автентичен фолк звук. За него, „суштината на музиката е да се состават повеќе различни звуци. Особено за сите тие осамени луѓе на сцена со лаптоп, преправајќи се дека прават нешто – да им ги растрепери срцата.“ Куп Оскар Оркестра прв пат настапи во Македонија во април минатата година, кога во рамки на скопскиот ТАКСИРАТ одржа концерт во распродадената „Денсинг Сала“ во МКЦ. Овој јули Д ФЕСТИВАЛ е извонредна прилика за големиот број македонски фанови да уживаат во неговиот настап и тоа во летната фестивалска атмосфера која се чини како создадена за сезибилитетот на оваа музика.

РАН КОРМОРАН АКЦИЈА за најповолните „all-inclusive“ ВЛЕЗНИЦИ
Новото фестивалско лето на Д ФЕСТИВАЛ годинава ќе се одржува од 14-ти до 16-ти јули во Дојран, а по завршувањето на специјалната онлајн акција Ран Корморан со рекорден интерес досега, јасно е дека пред нас е исклучително возбудливо издание на единствениот open-air музички фестивал кај нас. Во моментов актуелна е продажбата на најповолните РАН КОРМОРАН билети преку продажната мрежа на МкТикетс, а за полесно и побрзо купување, од оваа година билетите можете да ги набавите и преку мобилната апликација на karti.com.mk која е достапна за преземање на следните линкови: – Android, – iOs. Во оваа фаза од претпродажбата достапни се all-inclusive билетите за Фестивалот кои за неверојатна цена од само 600 денари на посетителите им овозможуваат пристап до сите фестивалски стејџови и бесплатен камп за трите дена на Д Фестивал 2017.