Djaikovski feat. Lion D доаѓаат на Main Stage!

  • 0
  • 16/04/2019
kiril
Уметникот чие име секогаш гарантира одличен настап и еуфоричен подиум, Кирил Џајковски, доаѓа на Д Фестивал 2019!
Oд врвот на македонската електронска музичка сцена, најпрепознатливиот балкански изведувач во светот ова лето се враќа на Main Stage и тоа сега со live настап и нов член на неговиот концертен бенд – вокалистот Lion D!

Џајковски е несомнено еден од најпочитуваните и најдокажани музички уметници од Балканот е познат по уникатната синергија која ја постигнува, вклопувајќи балкански етно влијанија и традиционален призвук со модерна електронска музика, а особено ценета е и неговата работа на филмска и театарска музика.
 
Неодамна, по подолга дискографска пауза Џајковски се врати на сцената објавувајќи го одличниот сингл Reminder за кој најави дека е само прв во низата нови синглови, што ни потврдува дека публиката на Д Фестивал ќе има привилегија премиерно да чуе дел од новата музика во живо на неговиот настап како хедлајнер на главната бина на Фестивалот.