Хинди Зара пристигнува ова лето на Д Фестивал

  • 2
  • 10/06/2019
hindi novosti sajt 2

Секогаш инспиративната Хинди Зара пристигнува ова лето на Д Фестивал 2019! 

Извонредната пејачка и текстописец која ја нарекуваат и постмодерна Били Холидеј, уникатно ги спојува мароканската и париската сцена, преточени во нејзиниот софистициран музички стил кој ова лето ќе одекне во живо на главната бина на Д Фестивал.

Придружете ни се во новата магична фестивалска авантура на www.dfestival.mk

Хинди Зара е пејачка и текстописец, која  себеси се опишува како жена со немирен и слободен дух. Родена во Мароко, а стационирана во Париз, Хинди Зара е ќерка на татко, војник и мајка, глумица и пејачка. Нејзините роднини се музичарите кои ја создале мароканската психоделична сцена, а Хинди Зара ги спојува сите влијанија во еден софистициран музички звук и искуство. Не е ни чудно, зошто и самата има пораснато со влијание од различни жанрови на музика, од рок до реге, па до традиционална музика.

Хинди Зара освен што сака да пее, сака да раскажува и прикази, но само оние кои самата ги има проживеано. Тоа животно искуство го преточува во музика. Поради својот квалитет и уникатен пристап, често е споредувана со Били Холидејс, Џенис Џоплин и Пети Смит… Во 2010 година го издава својот прв соло албум “Handmade”, заедно со синглот “Beautiful Tango” продаден преку 150.000 копии во светот. Со малку блуз, џез, прониклив текст и необични марокански етно елементи, Хинди Зара мултииструментале музичар, кој својот втор студиски албум “Homeland” го издаде во 2015 година.