Хардкор-метал бендот Short Fuse Hero се приклучува на Д Фестивал 2019

  • 0
  • 12/06/2019
short fh novosti sajt

Хардкор-метал бендот од Скопје Short Fuse Hero се приклучува на Д Фестивал 2019!

Бендот со многубројни настапи зад себе на кои ја делеле сцената со звучни имиња на метал жанрот, ова лето ќе грми на Smooth Stage!

Додека сме во исчекување на новото EP и настапот во живо, преслушајте го нивниот прв студиски албум „Back to Basics“ како вистинска подготовка за Д-Фиеста!

„Short Fuse Hero“ е хардкор-метал бенд формиран во 2014 година во Скопје. Нивниот прв настап е отворање за „Born From Pain“ (Холандија), „Smut“ и „Hardfaced“ во клубот „Хавана“ во Скопје. Од тогаш имаат многубројни настапи делејќи ја сцената со бендови како: „Nasty“, „Deez Nuts“, „Comeback Kid“, „United and Strong“, „Blood Shot Down“ и многу други. Четири од овие настапи се одржани во Софија, Бугарија. Дополнително имаат повеќе настапи во Македонија меѓу кои и на шестото издание на „Земјотрес“. Нивниот албум „Back to Basics“ излезе во декември, 2016 година, по што следуваат  песните „Нарушување на Мирот“ feat. Димитар Савески од Hardfaced и „Inner Prison“, првото официјално видео на бендот. Низ текот на годините извршени се одредени промени во составот на бендот и моменталните членови се: Марин Миленкоски, Дино Мојсиловиќ, Филип Мирчевски и Петар Серафимов. Пред извесно време завршија со снимање на новото EP, кое се очекува да биде издадено пред ова лето.