NGO

 

КОНКУРС ЗА ГРАЃАНСКИ ЗДРУЖЕНИЈА

„АКТИВНИОТ САЕМ“ оваа година ќе биде епицентар на општествените активности на Д ФЕСТИВАЛ, каде претставници на повеќе организации, граѓански здруженија и асоцијации, ќе ги претстават своите проекти, кампањи и активности пред посетителите на Д ФЕСТИВАЛ. Оваа зона во рамки на програмата на Д ФЕСТИВАЛ ќе се реализира на посебно уредениот простор во рамки на фестивалскиот камп, со бројни штандови на учесниците, богата забавна и интерактивна програма, панел дискусии, изложби, гејминг-зона, мултимедиумски презентации и многу други содржини со кои „Активниот саем“ за време на трите фестивалски дена ќе биде вистински фестивалски град на вредностите кои ги промовира Д Фестивал и местото за размена на идеи, мислења, ставови, креативни енергии, дијалог и креирање. Повикот е отворен за сите граѓански и невладини здруженија кои се активни на територијата на Република Македонија, да ги испратат своите предлози, заедно со следните податоци: опис на Асоцијацијата/Организацијата, целта на учеството на „Активниот саем“, предложени активности за „Активниот саем“, искуство со слични настани и успешни проекти, број на персонал и нивните одговорности во програмата и контакт.

Пријави се на info@password.mk
Најдоцна до 10-ти март 2017

Д ФЕСТИВАЛ е повеќе од музика!

Програмата во „ПлоштАРТ“ и Активниот саем на Д ФЕСТИВАЛ 2017 е реализирана со поддршка на Цивика мобилитас (Проект на Швајцарската агенција за развој и соработка – СДЦ, кој го спроведуваат НИРАС, МЦМС и СИПУ.)

Civica_Logo&Slogan_Clr-02