Go Green – Биди Зелен на овогодинешниот Д Фестивал

  • 1
  • 09/07/2019
65511951_2552561694765319_1708472981723807744_n

На сите фестивали се трошат многу пластични чаши, лименки, прибор за една употреба, ќеси, и се создава огромно количество отпад! Младинската еколошка организација Go Green – Биди Зелен, на овогодинешниот Д Фестивал има за цел да ја подигне свеста кај младите за соодветно справување со отпад.

 
Програма:

– Еко патрола – Во текот на фестивалските денови волонтерите на организацијата Go Green – Биди Зелен заедно со заинтересираните посетители ќе патролираат низ фестивалското село и ќе се погрижат да се подигне свеста околу користење на помалку отпад за една употреба и потребата отпадот да биде соодветно одложен на означените места. Еко патролата ќе има задача да помогне при собирање на несоодветно складираниот отпад.
Патролата ќе се одржи во следниве термини:

– Петок, сабота, недела:
10:00 – 11:00 часот
16:00 – 17:00 часот
21:30 – 22:30 часот
– Сабота и недела (главна сцена):
12:00 – 13:30 часот
– DIY работилница за декорирање на реупотребливи материјали (13.07-сабота) – Посетителите ќе имаат можност да искористат разни материјали за да декорираат свои стари предмети, со цел повторно да ги користат. Донесете свои стари маици, чевли, платнени торби и искористете ја вашата креативност да ги уредите по ваш вкус.
– Игри за соодветно справување со отпад (12.07-петок) – Посетителите ќе бидат предизвикани да го искористат своето еколошко знаење во низа интересни игри и ќе имаат можност да освојат кул награди.