Глобалните ѕвезди од лондонската сцена DISCIPLES гостуваат на Д ФЕСТИВАЛ!

  • 0
  • 30/03/2018
Banner-Artisti

Ова лето во Дојран нѐ очекува осмото издание на Д ФЕСТИВАЛ кој и годинава подготвува атрактивна музичка програма со која од 6-ти до 8-ми јулиќе бидат исполнети Фестивалските денови со повеќе од 60 изведувачи чии концертни настапи ќе се одржуваат на вкупно четирите бини на Фестивалот. Од единствениот вистински летен музички фестивал кај нас нѐ делат едвај 100 дена, а листата на музички гости на Д ФЕСТИВАЛ 2018 секојдневно се исполнува со нови имиња, па со најновиот бран на потврдени изведувачи во неа се запишуваат: светската електро-денс атракција, славното лондонско трио DISCIPLES кое на 7-ми јули ќе настапи на главната бина, но и новите изведувачи на Mosquito Stage, одличниот словенечкиот бенд KOALA VOICE и актуелниот победник на Лузер фест, скопскиот бенд CONSPIRACY.

Тридневната програма на Д ФЕСТИВАЛ – единствениот open-air музички фестивал во Македонија, ова лето ќе се одржува од 6-ти до 8-ми јули во Дојран. Покрај DISCIPLES, KOALA VOICE и CONSPIRACY, во музичката програма за осмото издание на Фестивалот веќе се запишаа и FINK, ДУКЕ БОЈАЏИЕВ, ГОРАН ТРАЈКОСКИ, WHO SEE, PUSSY RIOT, ПАЛИНДРОМ, но и уште многу други кои наскоро ќе бидат објавени.