Д Фестивал Викенд

Десеттото роденденско издание на единствениот open-air фестивал во Македонија – Д Фестивал, првично беше закажано за 3-5 јули во Дојран. Во таа чест, овој викенд, трите фестивалски дена ќе ги одбележиме со журка од дома, со дел од најдобрите настапи на македонските артисти од минатогодишните изданија на Д Фестивал.

Програмата започнува во петок, со едно од најпочитуваните имиња на македонскиот андерграунд хип-хоп – СТРАЈК, по кој следи енергичниот настап на врвниот уметник од македонската електронска музичка сцена КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ, придружуван од TK WONDER и својот нов вокалист LION D.

Саботната вечер ќе започне со незаменливата позитивна енергија на Добри људи – CONQUERING LION, а ќе продолжи со електро-акустичниот материјал „New York p.m.“ на ДУКЕ БОЈАЏИЕВ, кој е фузија од неговата клупска и филмска музика.

Во недела ќе се потсетиме на прекрасната атмосфера од ланскиот акустичен настап на ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ во магичниот музички храм – Church Stage, а викендот ќе го затвориме со една од клучните фигури на македонската музичка авангарда – ГОРАН ТРАЈКОСКИ.

Сите настапи може да се следат на официјалната Facebook страна на Д Фестивал.

#FEELDLOVE