Протокол за движење и мерки за заштита на Д Фестивал

Д Фестивал сака максимално да се почитуваат мерките за заштита од корона вирусот, но за се’ да помине во најдобар ред, потребен е заеднички напор и разбирање.

🙋WELCOME to Д Фестивал 2020

🚗Препорачуваме секој самостојно да си организира превоз и сместување. За време на Д Фестивал паркингот во Дојран е бесплатен за сите. А, дојранчани се домаќини и тоа го докажале и пред нас!

🚪Ready, set, GO 👉 Вратите се отвораат во 19ч. Дојдете на време, заедно со вашето друштво од максимум 4ца.

😷Додека чекаш ред пред билетарница, задолжително e носењето на маска, одржување растојание од 1,5 метри, а одговорно лице ќе ти ги дезинфицира рацете.

🎫Ако имаш билет за Д Фестивал, само застани на означениот ред пред влезот и додека чекаш да ти измерат температура, одржувај растојание од 1,5 метри и носи ја својата маска.

🥳Ако се’ е во ред, само ќе треба да ги дезинфицираш рацете и да го земеш бројчето кое ќе те насочи на твојот safe space – означено место на кое ќе можеш да се забавуваш со твоето Д друштво.

⬅️⬆️⬇️↗️За движење низ просторот, ве молиме следете ги коридорите кои даваат точни насоки на движење.

Што е твој квадрат, твоја екипа?

Целиот паркинг ќе биде една голема шаховска табла, поделена на квадрати со адекватна протоколарна квадратура и означен број во секој од нив.

На влезот, нашиот тим ќе ви даде алки во боја на кои е испишана бројка oд местото на кое ќе може безбедно да се забавуваш со твоето семејство, девојка, дечко или друштво од максимум 4-ца. Алката ќе си ја чувате или ставите на рака, а нејзина единствена улога е само да знае обезбедувањето во кој ред е вашиот квадрат. Таа останува и спомен на ова Д ковид – искуство. Сигурно ќе има и некој лејзи бег или столче во истата коцка за уживање.

🧻При одење во тоалет, повторно се исто: растојание од 1,5 метри, носење маска и дезинфекција на рацете.

👕Ќе имаме и мерч штанд каде што ќе можеш да си ја надополниш твојата Д Фест колекција. Повторно е задолжително носење на маска, одржување растојание и дезинфекција.

🙅‍♀️На фестивалот ќе биде најстрого забрането носење на професионални фотоапарати и средства за аудио и(ли) видео снимање, комуникација со артистите, носење на храна и пијалоци, оружје и непочитување на мерките за заштита од корона вирусот.

🚫Eднаш влезен во просторот, нема излез и повторен влез.

Следи ги мерките, почитувај ги другарите и забавувај се безбедно на Д Фестивал 2020!