Д Фестивал 2020/21

Д пријатели,

И покрај сите предизвици и препреки, годинава Д Фестивал ќе се одржи во едно необично, вонредно и внимателно издание на 22-ри август на главната бина во Дојран, а големото роденденско издание го закажавме за 2-4 јули 2021-ва. Сите набавени билети до 30.07.2020-та, важат за двете изданија!

Освен тоа, има уште многу добри причини зошто да го задржите својот билет:

ЗАШТЕДИ 50%!
Твојата веќе набавена влезница која ќе важи за двете изданија е многу поефтина од најниската цена – Ран Корморан за 2021-ва.

LIFETIME PASS
Можеш да бидеш единствениот кој со својот LIFETIME PASS ќе присуствува на сите наредни изданија на Д Фестивал!

ПОПУСТ НА МЕРЧ
Ќе си ја надополниш својата Д Фест колекција со 20% попуст на фестивалскиот мерч за време на Д Фестивал 2020.

ДВЕ ФЕСТИВАЛСКИ ИЗДАНИЈА И СТОТИЦИ ИЗВЕДУВАЧИ
Добиваш две фестивалски изданија – Д Фестивал 2020 и големото, јубилејно во 2021-ва. Ќе настапуваат Ky-Mani Marley, Marky Ramone, Booka Shade, Superhiks, Pluto’s Doubts, Bernays Propaganda, LD Pistolero, Repetitor, Telemama, Donplaya, Bon Praskiza, Prince$$ Donatsu и уште многу други изведувачи кои ќе бидат објавени наскоро!

ПОДДРШКА НА ДОМАШНАТА СЦЕНА
На Д Фестивал, на твоите омилени артисти и на целата македонска музичка сцена многу им е важна твојата поддршка во овој момент. А, ти, само со зачувување на билетот ги поддржуваш сите наеднаш!

 

*Aко навистина не можеш да бидеш дел од годинашното издание, а и од јубилејното роденденско во 2021-ва, нудиме и целосен поврат на средствата. Рефундацијата започнува на 13.08.2020 и трае до 21.08.2020

 


    Го зaдржувам билетот и бенефициите што следуваат со негоСакам рефундација


    ДаНе