Captain Hook е првото име кое ќе настапи на Lake Awake!

  • 0
  • 12/04/2019
capt h

Еден од најдобрите псајтранс и прогресив транс DJ-и и продуценти на сцената ќе ја предводи посадата на LAKE AWAKE бината во петок, 12-ти јули! Израелецот Captain Hook, познат по своите внимателно направени миксови на префинета и уникатна музика и експериментирање со звукот, ќе ја води публиката низ лавиринтот на псајтрансот додека ги држат нозете!

Откако настапувал на андерграунд забави, во 2003 година станал диџеј на издавачката куќа Домо Рекордс. Истата година го започнува проектот „Quantize“ заедно со Ади Ашкенази. Дуото објавува музика за повеќе издавачки куќи, а нивниот деби албум „Time“ излегува во 2009 година за Ибога Рекордс. После седум години соработка, во 2010 Captain Hook започнува соло кариера.

Побрзајте да си набавите билети за најдобрата журка летово, наскоро пристигнуваат и нови имиња!