Ѕвездата на светската драменбејс сцена, британското хит-дуо СИГМА доаѓа на Д ФЕСТИВАЛ!

  • 3
  • 29/06/2016
17

Покрај Роџер Санчез, Голди, Даб Пистолс и Тој Долс, уште една високотиражна атракција од светската музичка сцена се приклучува во листата изведувачи кои ќе ја предводат програмата на шестото издание на Д ФЕСТИВАЛ. Од Англија на Д ФЕСТИВАЛ во Дојран доаѓа хит дуото СИГМА (Sigma), кое со самото појавување на сцената ги освои двете први места на британската листа на синглови со хитовите  „Rudeboy“, „Changing“ и колосалниот „Nobody To Love“ чиј спот пак, бележи повеќе од 199 милиони прегледувања на нивниот „Јутјуб“ канал. Споменатите видео и сингл им донесоа дури две номинации за „Брит“ наградите, што е најдобра потврда за успехот и актуелноста на нивниот звук, покрај листата соработници со имиња како Канје Вест (Kanye West), Палома Феит (Paloma Faith), Ерик Притц (Eric Prydz), Ели Гулдинг (Elie Goulding), „Кајза“ (Kiesza) и други. Минатата година на врвот на топ листите се искачи и нивниот сингл „Higher“ на кој гостува популарниот англиски пејач Лабринт (Labrinth), како најава на новиот албум на СИГМА насловен „Life“, со кој ги воодушевија и фановите и критиката. Кон крајот на годината стигна и соработката со Рита Ора, светскиот хит „Coming Home“.

Sigma – Nobody to Love: https://youtu.be/KD5fLb-WgBU

Со интернационална мултиплатинеста продажба диџеј тандемот СИГМА (Камерун Едвардс и Џо Лензи) своите синглови за само една година ги распродаде во тираж од речиси 2 милиони, со 4 изданија на врвот на листите и 2 платинести награди. Покрај номинациите за БРИТ наградите, тие ја распродадоа својата прва live турнеја, а од тогаш настапуваат на главните бини на сите водечки светски фестивали вклучувајќи ги Glastonbury, Bestival, Reading & Leeds, V, T In The Park, Pukklepop, Sziget и бројни други. Воедно тие се единствениот драменбејс изведувач кој настапил на церемонијалната вечер на БАФТА наградите.

Д ФЕСТИВАЛ годинава ќе се одржува до 15 до 17 јули во Дојран. ПокрајSIGMA, своите настапи веќе ги потврдија: ROGER SANCHEZ, GOLDIE, TOY DOLLS, DUB PISTOLS, ЧИСТА ОКОЛИНА, BERNAYS PROPAGANDA, ДУБИОЗА КОЛЕКТИВ, ХЛАДНО ПИВО, ОБОЈЕНИ ПРОГРАМ, LOLLOBRIGIDA, ФОЛТИН, SETHSTAT & МИРКО ПОПОВ, CONQUERING LIONи HYPNOTIZED на главната бина, THE PROJECT ORPHEUS, THE RED STEP, ФОНИЈА, ПАРКЕТИ, MILLKO, LEPI XHONI, THE GOVERNMENT, САМОСТАЛНИ РЕФЕРЕНТИ, ПАЛИНДРОМ, KËPURDHAT, LEITMOTIF, MARKO GREYHOUND, ANNA O, METANOIA и PAPRIKAPAPRIKA на Mosquito Stage, MKDSL, ANDREAS HZ, MARTCHIN, MITRIK, LTX, MAGGIE, SAMARDZISKI. D.LITE, ДАРКО СТЕПИЌ, HYPERTECH, OGIE, PUKKA, HANSSHC и TECKTONE на LakeAwake Stage. Наскоро ќе бидат објавени и други изведувачи и гости учесници кои ќе го одбележат шестото издание на Д ФЕСТИВАЛ!