Booka Shade

Германското електронско дуо Booka Shade, формирано од Walter Merziger and Arno Kammermeier е едно од најпрочуените кои произлегле од Европа во последниве две декади. Успешни уште на самите почетоци на нивната кариера, која започнува во раните 2000-ти во Франкфурт, го формираат легендарниот Get Physical Music и со тоа добиваат платформа за сопствената музика. Три години подоцна, со нивните ЕП-ја “Mandarine EP” и “Body Language” (второто во копродукција со M.A.N.D.Y.) се здобиваат со меѓународен успех, а во наредните години веќе се познати глобално на електронската музичка сцена.

По настапот на Сонар во 2005, прогласени се за едни од топ 5-те најдобри настапи во живо според Resident Advisor. Со седум албуми, десетици ЕП-ја и ремикси и позади себе, Booka Shade станaa синоним за духот кој ја вози електронската музика. Pitchfork за нив изјавија дека нивната музика е толку совршена што е речиси невозможно да те разигра.