Astrix

Астрикс претставува уникатен феномен во светот на транс музиката. Како водечки диџеј и продуцент кој доаѓа од андергаунд сцената, иако настапува на најголемите фестивали на светот, сепак останува верен на андерграунд транс музиката.

Повеќе од една декада, животот на Ави Шмаилов е поделен помеѓу работа во своето студио и турнеи низ целиот свет. Со повеќе од 15 години искуство и илјадници настапи, тој продолжува да ја шири својата филозофија на најголемите фестивали низ светот како што се EDC, Burning Man, Escape From Wonderland, Beyond Wonderland, Summer Music Festival, Paradiso and Dreamstate, SW4 and BoomTown Fair, Tomorrowland, OZORA, Psy Fi and Dance Valley, Weekend Festival, Universo Paralello, Hilltop…

Астрикс е препознатлив по посветеноста и перфекционизмот кои излегуваат во облик на масивни експлозивни сетови. Еден таков ни подготвува и за овогодинашниот Д Фестивал!

Lake Awake