Alice Merton

alice merton d festival

Замислете дека првата песна која ја издавате се качува на врвот на светските топ листи и станува интернационален хит! Така започнува приказната на Алис Мертон. Постојаните преселби ширум светот ја инспирираaт да го напише својот прв сингл “No Roots”, кој за рекордно време не само што достигнува милиони преслушувања, туку и се искачува на врвот на светските топ листи меѓу кои и на Billboard Alternative Songs Chart. По преселбата во Берлин, Алис и нејзиниот менаџер ја основаат издавачката куќа Paper Plane Records International, а неколку месеци подоцна, таа го издадава своето прво ЕП – “No Roots”. Во 2019-та година го издава и својот прв албум “Mint” кој добива одлични критики. Низ годините се здобива со бројни награди за својот деби-сингл, меѓу кои 7 од нив се платинум – во Германија, Франција, Италија, Полска, Швајцарија, Австрија и Турција, а добива и Echo и EBBA награди. Заедно со својот бенд составен од врвни музичари, харизматичната Алис Мертон доаѓа на Д Фестивал да ни приреди фантастично шоу!