Александар Велики ќе ја збогати фестивалската програма на Д Фестивал

  • 0
  • 06/06/2019
gacho novosti sajt

Човекот кој повеќе од две децении е присутен на скопската независна музичка сцена, Александар Велики ќе ја збогати фестивалската музичка програма со настап на Mosquito Stage. Неговиот деби L.P. „Првиот Македонец во вселената“ е едно од најдобрите музички изданија минатата година кај нас.

Одбројуваме до Д Фестивал 2019! 

Александар Гавровски познат како Александар Велики повеќе од две децении е активен на скопската независна музичка сцена. Како музички новинар пишувал за „Млад Борец“, „Студентски збор“ и „Урбан магазин“ каде што бил главен и одговорен уредник. Александар се’ уште можеме да го слушнеме во препознатливата улога на радио-водител на „Канал 103“ или да го видиме како диск-џокеј во Скопје. Свири бас гитара во „ПМГ Колектив“.

„Првиот Македонец во вселената“ ( L.P.) е целосен game changer во неговата кариера. Излезен од сенката и застанат пред главното светло, сега имаме уникатна можност да го запознаеме овој господин и како целосен автор и вокалист. L.P-то е снимено во „Студио 1060“ под будното продуцентско уво на Васко Атанасоски, За многумина, овој деби музички проект беше едно од најдобрите музички изданија минатата година. Откако еднаш ќе ги слушнете деветте поп песни за живот и смрт постојано ќе ги преслушувале на вашите музички плеери.