AKUA NARU е новото засилување на Mosquito Stage

  • 0
  • 13/05/2019
acua novosti

Феноменалната АКУА НАРУ ни се придружува во музичката програма со настап на Mosquito Stage на 14-ти јули! По ланскиот распродаден, премиерен концерт Акуа Нару вети дека ќе се врати во земјава и на наше особено задоволство ветувањето го исполнува токму на Д Фестивал!

Американската пејачка со светско реноме, АКУА НАРУ е една од водечките женски хип-хоп вокали. Нејзината музика претставува комбинација на хип хоп, џез и соул. Себе си се опишува како политичка хип-хоп уметница и активистка. Нејзиниот звук го споредуваат со flow-то на Раким, поетиката на Лорин Хил и, конечно, во единствената моќ да говори во име на афро-американките, со Нина Симон. Акуа храбро јо комбинира „новата“ и „старата“ школа, бранејќи ги своите ставови со уникатни метафори.

Акуа Нару зад себе има четири студиски албуми, „The Journey Aflame“, „Live and Aflame Sessions“, „The Miner’s Canary“ и последниот „The Blackest Joy“ објавен лани, како и ширум светот познатите хитови „Poetry: How Does It Feel?“ и „The world is listening“. Во својата кариера има настапувано со Тони Ален, тапанарот на Фела Кути, хип хоп групата „The Lords of The Underground“, со Вакс Тејлор, Анџелик Киџо, „Questlove” од „Д Рутс“ (The Roots) и т.н. Ја споредуваат со хип-хоп ерата од 90-тите, нејзиниот музички и поетски талент високо го ценат еминентни хип-хоп критичари, а нејзините настапи во живо се жестоки и незаборавни. Настапува придружувана од бендот „Д Дигфло“ (The DIGFLO), ансамбл со шест членови на удиралки, клавијатури, саксофон/флејта, бас, гитара и миксер. Акуа Нару и нејзиниот бенд навистина ја заробуваат, ја инспирираат и покренуваат публиката. Јасно е, музиката и настапот на Акуа Нару се тестамент за наследството на соул музиката и на моќните жени во музиката воопшто.