АЈДЕ НА ДРУЖБА СО ТВОЈОТ ВЕЛОСИПЕД!

  • 0
  • 05/07/2017
milton-manaki-web-02

Д Фестивал е полн со изненадувања – следното е за сите вљубеници во велосипедите!

Низ Дојран транзитираат голем број на товарни возила во текот на годината, па девизата е јасна – „За викенди без товарни возила по патиштата”.

Во соработка со Велосипедскиот кружок Милтон Манаки и МАХ велосипеди ве покануваме на дружба од 15.07 (сабота) до 16.07 (недела). Почнуваме од Гевгелија, во 08:30 часот, а се разбира, крајот на патеката е на Д Фестивал и е проследен со вело-работилница и натпревар, придружени од супер кул бендовите и нивната музика. За учесниците што ќе се натпреваруваат и ќе возат ќе има богати награди овозможени од МАХ.

Сите пријавени учесници ќе добијат гратис влезница на фестивалот за сабота и недела и простор за нивните шатори и велосипеди, + неколку изненадувања!

Пријавање на miltonkruzhok@gmail.com

Фејсбук настанот ќе го најдете ТУКА
Патеката по која ќе се вози ќе ја најдете ТУКА
Бројот на влезници е ограничен!
Секој Вози на сопствена одговорност!

Подгответе ги велосипедите, прицврстете се и полетуваме!