САМО УШТЕ 5 ДЕНА за билетите со СУПЕР-ПРОМО цена!

  • 2
  • 21/06/2017
Karti-5Dena

Д ФЕСТИВАЛ годинава забележа огромен интерес уште од самиот старт на промотивната продажна акција „Ран Корморан“ во чии рамки all-inclusive билетите се продаваат за неверојатна цена од само 600 денари! Овие билети на посетителите им овозможуваат пристап до сите фестивалски стејџови и бесплатен камп за трите дена на Д Фестивал. Ран Корморан акцијата се спроведува со ограничен број на билети кои се речиси пред распродавање, а актуелната СУПЕР-ПРОМО цена ќе важи само уште неколку дена, односно најдоцна до 25-ти јуни. Билетите за Д Фестивал се достапни преку продажната мрежа на МкТикетс, а за полесно и побрзо купување, од оваа година билетите можете да ги набавите и преку мобилната апликација на karti.com.mk која е достапна за преземање на следните линкови: – Android, – iOs.

Д ФЕСТИВАЛ ќе се одржува од 14-ти до 16-ти јули во Дојран, а само во рамки на музичката програма на Фестивалот, своите настапи досега ги потврдија повеќе од 40 изведувачи. Уште многу нови учесници, гости и изненадувања на Д ФЕСТИВАЛ ќе бидат објавени многу скоро.