Џенгиз Ибрахим е првото име најавено за Church Stage на Д Фестивал 2019!

  • 1
  • 03/05/2019
dzengis_sajt najava

Виртуозот на канун, уд и саз, Џенгиз Ибрахим, е првиот музичар кој го потврди својот настап на можеби најавтентичната бина на Д Фестивал – Church Stage! Ибрахим е и теоретичар, фолклорист и композитор на музика за голем број култни театарски претстави. Случајно или не, неговите традиционални румелиски инструменти ги нарекуваат „рајски“, а музиката Ибрахим ја смета за еден вид на терапија.

Иако неговата кариера е долгогодишна и изобилува со соработки со врвни музичари и бендови (Влатко Стефановски, „Мизар“, „Анастасија“), фокусот на неговата работа во иднина токму ќе биде музичката терапија и креирање на синтеза на традиционалниот и современиот звук.

На Д Фестивал 2019 ќе настапи на 13 јули, а наскоро може да очекувате и нови имиња за Church Stage!