Караванот на Sidi Wacho се придружува на Д Фиеста!

  • 0
  • 15/04/2019
sidi wacho

Sidi Wacho, музичката авантура на шест музичари од различни страни на светот,  чии таленти и диви ритмови, како и комбинацијата на кумбија и хип хоп, се придружени од текстови на француски, арапски, шпански и португалски, ќе донесе уште боја на публиката во Дојран!

Со својата музика, Сиди Вачо се откажуваат од фрактурите меѓу социјалните класи, расизмот и империјализмот. Приказната меѓу Сантијаго и Париз започнува во 2014 кога чилеански, француски и алжирски музичари со различна позадина решааат да пишуваат песни за нивната реалност, нивните грижи и проблеми. Идејата е да се соединат и да пишуваат текстови и мелодии, со цел да произведат популарен израз без граници. Тие песни имаат за цел да ги натераат луѓето да танцуваат, пејат, да ја кренат тупаницата во воздух и да се откажат од нееднаквостите кои владеат во популарните соседства во Париз, Сантијаго и Алжир.

Иако доаѓаат од Чиле, Алжир, Перу и Франција, тврдат дека нивниот дом е насекаде. Номадски, бунтовни и непостојани, Сиди Вачо сега се составени од две ем-сија (Саиду и Бенџа), еден трубач, еден хармоникаш и еден перкусионист. Се гордеат со својот „хаотичен“ идентитет со мешање на разни тонови, дијалекти и соништа.

Низ само пет години постоење, објавија два албуми, „Libre“ ()2016) и „Bordeliko“ (2018), а одржуваа концерти насекаде низ светот. Караванот на Сиди Вачо ги освојува срцата на публиката, благодарение на неговата енергија, но и ангажираната музика со која се обидуваат да направат промена во светот.