Прес форма

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА АКРЕДИТИРАЊЕ НА НОВИНАРИ ЗА Д ФЕСТИВАЛ:

  • Аплицирањето за акредитирање на новинари е отворено за сите медиумски куќи, но бројот на акредитации по медиум е ограничен
  • Рокот за поднесување на пријавите за акредитирање е 10 дена пред одржување на настанот. Пријавите кои ќе бидат поднесени по одредениот датум нема да бидат земени предвид
  • Сите медиумски куќи чија апликација е прифатена ќе добијат детално известување преку е-пошта

УПАТСТВА ЗА АПЛИКАНТИТЕ:

  • Право на акредитации имаат сите медиумски куќи кои во рамките на својот медиум имаат најмалку три објави за настанот, пред неговото одржување.
  • Телевизиските станици можат да аплицираат за најмногу 3 (три) акредитации
  • Радио станиците, печатените и интернет медиумите можат да аплицираат за најмногу 2 (две) акредитации
  • Акредитациите се издаваат со целото име и презиме на новинарот и не може да се пренесат на друго лице од истата компанија.
  • Ако од одредена причина акредитираниот новинар не е во можност да го покрие настанот, акредитацијата може да се издаде на друг новинар кој ќе го заземе местото со приложување на службено писмо од медиумската компанија (со службен печат и потпис на уредникот или директорот) во кое се наведуваат целосното име, презиме и лични детали на лицето чија акредитација е откажана и на лицето кое ја прима новата
  • Сите акредитирани новинари ќе ја добијат својата акредитација по пристигнувањето на настанот. Истата треба постојано да ја носат со себе за време на настанот
  • Вашите планови за најави и следење на настанот, веќе реализирани најави, клипинг и линкови од истите може да ги испратите во електронски формат на: angela@password.mk
  • Доколку сакаат да го обезбедат своето присуство, сите членови на медиумите кои не се акредитирани се добредојдени да купат билети за настаните додека тие сѐ уште се достапни
  • За сите други потребни информации, ве молиме насочете ги вашите прашања и барања до angela@password.mk