Почнува продажбата на еднодневни влезници за Д Фестивал

  • 0
  • 01/04/2019
objava sajt df еднодневни 2

Не е првоаприлска шега! Од денес (01.04.2019) може да набавите и еднодневни влезници за Д Фестивал. Цената на влезницата за еден фестивалски ден е 400 денари, а со неа купувачите добиваат пристап до сите бини, односно за целосната програма во текот на денот за кој се купува влезницата (од 11:00 до 11:00 наредниот ден). Со еднодневна влезница НЕ следува кампување.

Еднодневните билети за 12-ти, 13-ти и 14-ти јули поединечно се достапни онлајн на mktickets.mk, како и во сите продажни места од мрежата на МкТикетс.