Подготвени за журка до зори? И Том Нови доаѓа на Lake Awake!

  • 1
  • 12/04/2019
tom n

Eден од најуспешните германски хаус диџеи и продуценти присутен на сцената повеќе од 20 години, чија музичка кариера започна во 90-тите, Том Нови доаѓа на Д Фестивал! Директно од песоците на Ибица, доаѓа да ја предводи Lake Awake во сабота!

Том Нови редовно беше дел од интернационалните топ листи со хитови како „Your Body“, „Take It“, „Touch Me“, „Unexpected“ and „iRock“.  Има продуцирано и миксано музика за признаени артисти, а беше и резидент DJ во клубовите во Ибица речиси две децении. Четири години беше домаќин на наградуваниот серијал настани TIMELESS во LIO клубот на Пача Груп.