Македонските музички великани АРХАНГЕЛ ќе настапат на Д ФЕСТИВАЛ!

  • 1
  • 07/06/2017
Arhangel-01

Откако својот настап на Д ФЕСТИВАЛ го потврдија речиси 40 музички артисти од светската, регионалната и домашната сцена, програмата на новото фестивалско лето во Дојран станува уште посилна со едно од најголемите музички имиња од македонската сцена на сите времиња! Д ФЕСТИВАЛ годинава има чест да биде домаќин на великанот од домашната музичка сцена, легендарната рок група АРХАНГЕЛ која ќе настапи како хедлајнер на главната бина!

Со своите безвременски хитови АРХАНГЕЛ, како никој друг, постигна култен статус не само кај нас, туку ширум цела поранешна Југославија. Групата оформена во 1989 година од страна на Ристо Вртев, во својата кариера има издадено четири албуми: „Архангел 1“ (1991), „Архангел 2“ (1993), „Heart Core“ (1998) и „Небесна машина“ (2003). Со денес култните песни од овие албуми, АРХАНГЕЛ се смета за една од најдобрите групи во Македонија во деведесеттите години на минатиот век, која безмалку цели три децении убедливо стои на врвот од најреспектираните музички имиња кај нас. Станува збор за едно од малкуте музички артисти кои со своето творештво оставија најзначаен белег на современата музичка сцена на Македонија и одбележаа генерации чија младост одекнува преку нивната музика.

Неверојатно моќниот уметнички израз, пораката и енергијата која АРХАНГЕЛ ја пренесува на своите настапи, без сомнеж наговестува дека пред нас е еден незаборавен концерт на Д ФЕСТИВАЛ кој пак, како единствен летен open-air фестивал во државава ветува уште едно издание кое ќе влезе во листата на највпечатливите досега. Потврда за тоа е секако и безвременото творештво на АРХАНГЕЛ и култните песни како „Милион долари“, „Нож“, „Војна“, „Сениште“, „Uber Makedonische“, „Архангел“, „Молк“, „Човек без име и презиме“, „Вина, невина“ и ред други, кои годинава ќе одекнат на главната бина на Д ФЕСТИВАЛ!

Покрај АРХАНГЕЛ, својот настап на Д ФЕСТИВАЛ само досега го потврдија и РУДИМЕНТАЛ, РОНИ САЈЗ, КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ, КУП ОСКАР ОРКЕСТРА, СИНИСТЕР, С.А.Р.С., ДА ЏАКА НАКОТ, СТРИНГ ФОРСЕС, ЕГОРИТМИА, ПРОЏЕКТ РАКИЈА, МЕСЕЧИНКА, ЧАЛГИЈА САУНД СИСТЕМ, ТРАП ДА ФАК АП и уште многу други, а оваа листа фестивалот ќе ја збогати и со уште, нови изненадувања наскоро!

ПОБРЗАЈ! САМО 600 ДЕНАРИ ЗА ТРИДНЕВНИТЕ „all-inclusive“ ВЛЕЗНИЦИ
Д ФЕСТИВАЛ годинава ќе се одржува од 14-ти до 16-ти јули во Дојран. Во моментов сѐ уште е актуелна продажбата на најповолните РАН КОРМОРАН билети кои за неверојатна цена од само 600 денари на посетителите им овозможуваат пристап до сите фестивалски стејџови и бесплатен камп за трите дена на Д Фестивал 2017. Овие all-inclusive влезници се достапни преку продажната мрежа на МкТикетс, а за полесно и побрзо купување, од оваа година билетите можете да ги набавите и преку мобилната апликација на karti.com.mk која е достапна за преземање на следните линкови: – Android, – iOs.