Константата на врвниот музички дострел кај нас, АРХАНГЕЛ се враќа на Д ФЕСТИВАЛ!

  • 0
  • 31/05/2018
Arhangel-News

Д ФЕСТИВАЛ годинава има чест повторно да биде домаќин на македонскиот музички великан, бендот АРХАНГЕЛ кој го пречекуваме како предводник на главната бина на Фестивалот! Легендарната рок група чиј врвен музички квалитет е константа низ повеќе од три децении, е едно од најголемите музички имиња од нашата сцена на сите времиња, а посетителите на Д ФЕСТИВАЛ ова лето ќе имаат прилика да бидат дел од нивниот настап кој ќе се одржи на 7-ми јули во Дојран! Со завидна колекција на антологиски хитови и албуми кои ја одбележуваат македонската сцена уште од деведесеттите години, АРХАНГЕЛ константно ја потврдува својата музичка величина и ненадминливоста на музичките граници кои ги поставува и тоа не само кај нас туку во рамките на целиот регион! Овој пат на Д ФЕСТИВАЛ почестени сме со поинаква програма и концерт кој групата цени дека го должи на публиката поради временските услови од минатата година во Дојран, а што е подготвено од музичката работилница на култниот АРХАНГЕЛ е изненадување кое посетителите на Фестивалот имаат привилегија да го искусат во саботната вечер, 7-ми јули на главната бина на Д ФЕСТИВАЛ!

Д ФЕСТИВАЛ кој ќе се одржува од 6-ти до 8-ми јули во Дојран е единствениот летен музички фестивал на отворено во Македонија, кој во својата тридневна музичка програма покрај АРХАНГЕЛ веќе ги потврди и настапите на бројни музички ѕвезди од светската, регионалната и домашната сцена како што се PAUL VAN DYK, DISCIPLES, FINK, SEVDALIZA, ДУКЕ БОЈАЏИЕВ, PUSSY RIOT, ГОРАН ТРАЈКОВСКИ, SMUT, SONIC SPECIES, WHO SEE, TRAP DA FUCK UP, FRENKIE, КУЛТУРНО УМЕТНИЧКИ РАБОТНИЦИ, BRKOVI, HELEM NEJSE, KOALA VOICE, ПАЛИНДРОМ, CONSPIRACY, KI, ПОСЛЕДЕН УДАР, RGB, CUT YOUR NIPPLE, ANNA O, MAN IN A SUIT, REDUCED TO ASHES и уште многу други кои наскоро ќе бидат објавени.

Покрај музичката програма која се одвива паралелно на четири фестивалски бини, Д ФЕСТИВАЛ секоја година подразбира и раскошна разновидност на настани и случувања во дополнителната програма во ПлоштАРТ зоната и Фестивалскиот камп која вклучува филмски проекции, уметнички изложби и инсталации, работилници, дискусии, спортски активности и мноштво забавни содржини.

ПОБРЗАЈТЕ ЗА НАЈПОВОЛНИТЕ – РАН КОРМОРАН ВЛЕЗНИЦИ
Во сите продажни места на МкТикетс, како и онлајн преку овој линк, веќе се спроведува РАН КОРМОРАН акцијата на Д Фестивал во чии рамки се продаваат фестивалските (тридневни) билети по нивната најповолна цена и тоа:

– ФЕСТИВАЛСКИ БИЛЕТ (три дена, без кампување) – 600 денари;
– ALL-INCLUSIVE БИЛЕТ (три дена, со кампување) – 650 денари.
(*двата типа на билети овозможуваат пристап до комплетната тридневна програма)