Загрепските арт-рокери Porto Morto на 13 јули на Mosquito

  • 0
  • 24/04/2019

Mosquito Stage добива уште едно засилување – хрватскиот бенд со специфичен музичко-визуелен израз кој се провлекува низ жанровските дефиниции, Porto Morto!

Porto Morto е осумчлен бенд од Загреб активен од 2011-та година, кој веќе ја освои домашната критика и публиката. Истоимениот првенец на бендот повеќекратно беше оценет како едно од најдобрите хрватски изданија за последните години и на групата ѝ донесе настапи на многу домашни фестивали меѓу кои INmusic, SuperUho, Tam Tam, Tabor Film Festival, Velvet и други.

Porto Morto е своевиден мини биг-бенд од различни влијанија, a во моментов е актуелен со вториот студиски албум „Portofon“, кој беше објавен во март. Настапот на Mosquito на 13 јули на Д Фестивал ќе биде нивен прв во Македонија.