Д Фестивал заврши со најуспешното издание досега!

  • 0
  • 29/07/2019
_NOR3178

Вчера утрото заврши деветтото одлично издание на Д ФЕСТИВАЛ, единствениот летен музички фестивал во земјава кој се одржува во Дојран.

_NOR0503

Во повеќе од три дена, започнувајќи од петокот, 12-ти јули, па се’ до вчера, до осум часот наутро низ фестивалските порти на Д ФЕСТИВАЛ поминаа околу 30.000 посетители кои пристигнаа од 15 земји, остварувајќи го новиот рекорд на Фестивалот со најуспешното издание досега!

_NOR0835

Дека ова е најмасовната едиција на Д Фестивал, беше наговестено уште на т.н. нулти ден односно во четвртокот, на 11-ти јули кога традиционално се отвора фестивалскиот камп, а кој годинава заблеска во полн сјај и капацитет и пред официјалниот старт на програмата. Огромниот интерес кој го предизвика Д Фестивал резултираше и со исполнетост на целосниот капацитет на сите бини и зони на фестивалот, кои пак ја донесоа и најобемната програма досега, со шест музички бини и над 20 фестивалски зони за програма која се одвиваше буквално без престан во изминатите три дена.

_NOR1225

Само во музичката програма, Д ФЕСТИВАЛ беше домаќин на повеќе од 50 музички ѕвезди, но и на двојно повеќе уметници и перформасни кои пристигнаа со повеќе од 20 здруженија во ПлоштАрт зоната во срцето на фестивалскиот камп.

_NOR2323

Имајќи го тоа предвид, годинава е невозможно да се издвои било кој дел од програмата како најпосетен или најатрактивен, бидејќи буквално секој дел од фестивалот беше постојано исполнет до својот максимум, со најпозитивна атмосфера и восхитувачки настапи. Единствено можеме да го издвоиме целокупното доживување како фантастична тридневна авантура која во славењето на фестивалскиот дух, на уникатен начин ги спојува музичките перформанси, уметностите и креативните индустрии во несекојдневна сплотеност со секој посетител.

DSC_6925

Ви благодариме на сите кои на било кој начин бевте дел од ова магично издание на Фестивалот, а кое е совршена најава за следниот, јубилеен 10-ти Д ФЕСТИВАЛ во 2019-та!

_NOR3359 _NOR3686