До првиот комшија…

  • 0
  • 03/05/2019
pismo za fb

Драг комшо,

 Не знаеме дали знаеш, но баш до твојата вила во Дојран веќе девет години правиме фестивал.

 Да, навистина, без твоја помош и се вика Д Фестивал.

Д како Дојран, Д како држава, Д како дрндупка…

Годинава ТИ ќе ни бидеш нов сосед, можеш да ни свратиш на гости и да си ја видиш младината.

Кај нас се влегува со евтин билет, а книшката и титулите вообичаено ги оставаат на врата, или попаметните дома.

И потоа се зезаме, едуцираме, откачуваме и се дружиме. Слоганот ни е Фиеста… таман и партиски продадена душа да проба малку забава.

 Ако доаѓаш, еве и неколку факти за Д Фест 2019:

Годинава првпат имаме silent disco, јога без рима, кајакарство, стрелаштво, а во D-Game Zone може да „удриме“ една партија Fortnite или Sekiro.

Ако комшијата ни се падне машко, го частиме гага шишање во нашиот бербер шоп „Вторник“, а ако се погоди госпоѓа, може да вежба јога или да игра рокенрол додека ја држи снагата… бесплатно!

 Имаме и старт-ап саем на домашни изработки, ракотворби, масер, психијатар, photo booth, тестови за дрога, сексуална едукација, концерти во црква, Lake Awake, Mosquito и вкупно 5 бини, имаме Црно Кафе, Велокафе, веге храна, работилници, кино…

 Го заборавивме и најважното комшија/ке. Имаме среќа, убавина, радост и љубов за сите, a тебе ти посакуваме да бидеш нормален/на и да свратиш да ти пренесеме некои заборавени вредности. Нешто што не се предава во ниту една партија, а веројатно ни на факултет.

 Со љубов од Д Фест!