ГОРАН ТРАЈКОСКИ, ДУКЕ БОЈАЏИЕВ и ПАЛИНДРОМ на Д ФЕСТИВАЛ!

  • 0
  • 16/03/2018
Banner-Artisti

Ова лето, од 6-ти до 8-ми јули во Дојран ќе се одржува осмото издание на Д ФЕСТИВАЛ – единствениот летен музички open-air фестивал кај нас, кој секое свое издание го одбележува со исклучителна програма, настапи на повеќе од 60 музички изведувачи и исто толку гости учесници во богатата дополнителна програма. Со својот концепт, Д ФЕСТИВАЛ е уникатно тридневно доживување за илјадници посетители од Македонија и регионот, а гаранцијата дека посебен настан нѐ очекува и ова лето, стигнува со првите изведувачи кои го потврдија својот настап на Фестивалот. Како први артисти кои се запишуваат во годинашната програма, имаме чест да ги претставиме исклучителните музички уметници од македонската современа сцена и тоа: една од клучните фигури на македонската музичка авангарда ГОРАН ТРАЈКОСКИ – ГОТРА, македонскиот композитор и продуцент со завидна меѓународна кариера ДУКЕ БОЈАЏИЕВ и претставниците на младата андерграунд музичка сцена, скопското трио ПАЛИНДРОМ.

 

ВО ПРОДАЖБА СЕ НАЈПОВОЛНИТЕ – РАН КОРМОРАН ВЛЕЗНИЦИ
Во сите продажни места на МкТикетс, како и онлајн преку овој линк, веќе се спроведува РАН КОРМОРАН акцијата на Д Фестивал во чии рамки се продаваат фестивалските (тридневни) билети по нивната најповолна цена и тоа:

– ФЕСТИВАЛСКИ БИЛЕТ (три дена, без кампување) – 600 денари;
– ALL-INCLUSIVE БИЛЕТ (три дена, со кампување) – 650 денари.
(*двата типа на билети овозможуваат пристап до комплетната тридневна програма)

Побрзајте да ја искористите акцијата, бидејќи сигурно е дека илјадници посетители од Македонија и регионов и ова лето ќе ги исполнат капацитетите за време на трите дена резервирани за фестивалската слобода, повеќе од 100 изведувачи и гости, 4 бини, камп и еден куп случувања во најпозитивната атмосфера, на Д ФЕСТИВАЛ!