Внесете малку магија во животот: Тарот ќоше во ПлоштАрт!

  • 1
  • 07/05/2019

Д Фестивал секако е магично место, но ова издание носи уште повеќе чудесии. На ПлоштАрт, сите три фестивалски дена ќе има езотерично катче во кое ќе има гледање на тарот карти, кристалотерапија, чакра терапија, рапе шаманска церемонија, акцес барс терапија и друго.

Таротот е симболична „мапа на свесноста“ која се вели дека го знае патувањето низ животот, спиритуелно и практично. Читањето на тарот карти е „поглед кон внатрешноста“. Потеклото на картите е непознато, но се користат уште од 14-тиот век во Европа.

Кристалотерапијата пак, е форма на алтернативна медицина која користи полускапоцени камења и кристали како кварц, аметист и опал. Во езотеричното ќоше ќе има и чакра терапија, како и интересни сувенири, накит и амајлии кои ќе можат да се купат.