Авангардните Disciplin A Kitschme ќе „рокаат“ на Main Stage!

  • 0
  • 23/04/2019
disciplina 1 novosti

Моќните претставници на музичката авангарда, бендот кој е еден од најголемите и најдолговечни рок состави во регионот со врвен и експлозивен звук во живо и остана „трн во окото“ на музичкиот естаблишмент, доаѓа на Д Фестивал на 13-ти јули.

DISCIPLIN A KITSCHME постојат од 1981 година, а сиве овие години не отстапија од својот израз во име на музичките трендови. Негуваат автентична мешавина од фанк-рок, ноис-рок, џез фјужн, драм енд бејс и други стилови, со кои го доловуваат својот секогаш експлозивен и бунтовнички дух.

Нивните настапи во живо се познати по енергијата и автентичноста, бидејќи се различни, храбри, пред своето време и секогаш склони кон речиси невозможни фузии. Токму затоа, очекуваме одличен перформанс на 13-ти јули на Main Stage!